phone ++ 389 (0) 31437333 facebook mail

За нас

Почитувани,


       Софтмак компјутери постои и успешно работи од 1991 година. Основната стратегија уште на почетокот беше јасно дефинирана-користење на квалитетни хардверски компоненти, водење максимална грижа за потребите на корисниците и стручен и ефикасен сервис. Сето ова доведе до стабилен раст на компанијата во сите домени. Софтмак компјутери е афирмиран бренд на овие простори, екипиран со високостручен кадар, подготвен во секое време да ги задоволи сите вкусови на купувачите и корисниците.

       Денес, најмал проблем е да купите компјутерска опрема од било каков тип. Пресудна е техничката поддршка, потоа следење и решавање на вашите проблеми во најкраток временски рок и надградба на компонентите во зависност од потребите на корисникот. Токму сите овие силно всадени принципи го создадоа рејтингот на Софтмак компјутери.

       Специјалност на компанијата е работење на компјутерски инжинеринг: проектирање и реализација на сложени системи, создавање на мрежно опкружување, софтверски апликативни решенија, снабдување со конзумативи и помошна опрема и консалтинг. Софтмак компјутери е реселер на водечки светски брендови од информатичката технологија, како што се: Intel, IBM, HP, Epson, Samsung, Western Digital, Kingston, Genius и други.



Секогаш со Вас, срдечно
Софтмак